Скопје, 6 декември 2019 (МИА) – Стапката на невработеност во третиот квартал годинава се спушти на 17,1 отсто, објави Државниот завод за статистика.
Според објавените податоци, бројот на невработeни лица во третото тримесечје изнесува 164.702, a бројот на вработени изнесувал 799.564. Активното население во земјава изнесува 964.248 лица.
Стапката на невработеност во однос на последниот квартал е намалена за 0,4 отсто, кога изнесувала 17,5 отсто, а во првиот квартал 17,8 отсто.
На крајот на минатата година стапката на невработеност изнесуваше 20,7 отсто.