Ангола објави дека го напушта ОПЕК поради несогласувањето со квотите за производство на сурова нафта на организацијата, објавија Ројтерс и АФП, цитирајќи ја локалната новинска агенција Ангоп, која го цитираше министерот за нафта. Според Дијамантину де Азеведо, време е Ангола да се „концентрира на сопствените цели“.
„Досега немавме никакво влијание на квотите, но доколку останеме во ОПЕК, ќе ги сносиме последиците од одлуката за нивно намалување“, објасни Азеведо за јавната телевизија ТПА. Тогаш Ангола ќе биде „приморана да го намали своето производство“, додаде тој. Минатиот месец ОПЕК + ги намали квотите за производство на нафта во Ангола на 1,1 милион барели дневно.
Како одговор, Министерството за нафта на земјата испрати протестно писмо до организацијата. Претставникот на Ангола во ОПЕК, Ешевау Педро, посочи, цитиран од „Блумберг“, дека земјата нема намера да ги почитува квотите, пишува БТА.