Министерот Александар Николоски на својот фејсбук профил објави дека е исполнето ветувањето за обезбедување и исплата на плати за вработените во двете претпријатија за Железници и во Македонски пошти.

„Ветив дека 4.400 вработени нема да ги оставам без плата! Плата е исплатена на Македонски Железници Инфраструктура, Македонски Железници Транспорт и Македонски Пошти“, напиша Николоски.

Повика на одговорност за претходните раководства за недомаќинско работење.

„Во мојата четврта недела како Министер покажувам дека може поинаку. „МакедонијаЗаТебе“, стои во објавата на Николоски.