Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска одржа состанок со претставници на КfW, а во фокусот на разговорите, како што соопшти преку својот фејсбук профил, биле идните заеднички потфати и завршувањето на активностите на проектот за наводнување на јужната долина на реката Вардар од втора фаза.
-На состанокот со нашите стратешки партнери и поддржувачи, дискутиравме и за новата Програма за придружни мерки од KfW, целосна грант поддршка за земјоделците со вкупен фонд од 2,8 милиони евра, која ќе биде наменета за воведување добри практики во начинот на вршење на нивната дејност, правилно искористување на водните ресурси и поголема промоција преку правилно искористување на маркетинг алатките заради реализација на земјоделското производство, наведува Николовски