Откупната цена на лебното зрно од 10 денари, како и пред 10 години е неприфатлива, сметаат агрономите зашто тоа може да го урне идното производство на лебно зрно и целосно да зависиме од увозот. Се очекува државата да најде начин да им помогне на производителите, кои пак треба да си го осигуруваат родот, како единствена заштита од сè почестите непогоди…
Цената од 10 денари за килограм пченица што ја нудат откупувачите, како и пред 10 години, не ги задоволува очекувањата на производителите. Родот е со врвен квалитет, а ваквата цена го дестимулира наредното производство на лебното зрно и продолжуваме да зависиме од увозот, реагираат агрономите и сметаат дека државата ќе најде начин да им помогне на земјоделците.
Томески е категоричен дека земјоделците треба да го осигуруваат родот, како единствена заштита од непогоди кои зачестија.
Добар род се очекува и кај тутунот и градинарските култури.