“Nissan” отпушта 600 работници од фабриката во Барселона. По повеќе од еден месец преговори, шпанската единица на јапонскиот производител на автомобили постигна договор со синдикатите за намалување на речиси 20 отсто од работната сила на фабриката. Компанијата вели дека отпуштањата биле дел од условите за планираното инвестирање во вредност од 70 милиони евра во нов објект за фарбање на каросерии. Нисан, кој има пет погони и вработува околу 5.000 луѓе во Шпанија, вели дека намалувањето на 600 работни места ќе бидат покриено со мешавина на доброволни заминувања, технолошки вишок и предвремено пензионирање.