Забраната за фрлање камен темелник во предизборен период, не ги загрижува партиите на власт. Тоа е така, бидејќи и немаат нови инвестиции, а и оние странски инвестиции кои решија да инвестираат во технолошко индустриските зони, а за кои власта не заборави да се пофали, пропаднаа.
Најнов пример е Јужнокорејската инвестиција за производство на автоделови, од компанијата „Алмак“, за која владата уште во 2019тата плати изработка на реклама, која ветуваше инвестиција од 120 милиони евра во технолошоко-индустриските развојните зони, нови работни места и плати од 900тини до 2000 евра.
„Во новата инвестиција, се очекува просечната бруто плата за високо-квалификуваните кадри да изнесува 2000 евра. Согласно планот на инвеститорите, ќе бидат отворени повеќе од 70 нови работни места, од технолошките дејниости , кои ќе придонесат во локалната економија, почнувајки од 2022 година, кога се очекува старт на производството.“ – Порача истакна поранешниот премиер Зоран Заев на 18.08.2021.
Но, компанијата „Алмак“ пред само три дена, беше избришана од централниот регистар. Засега нејасно е, дали изборниот законик забранува фрлање лопати земја и за „погребување“ на пропаднати инвестиции или за такво нешто, нема законска пречка.
За таканаречените „големи“ странска инвестиции, предупредуваше и опозицијата, уште во 2019та. Тие алармираа дека Зоран Заев и власта предизборно лажат, бидејќи носат инвестиции од компании со сериозни финансиски приоблеми и пред банкрот. Но, тоа предупредување не допре до ушите на властодршците.
„Зборуваме можеби се уште не за најголемата странска инвестиција во Република Северна Македонија, меѓутоа, секако за странската инвестиција која што пропатува најмногу километри. Прв пат инвестиција, како што кажав, 8400 километри далеку. Меѓутоа, не со скапа кампања, не со скапи патувања, секако не со скапи ручеци и хотели, меѓутоа со помошта на добриот збор.“ – Истакна поранешниот директор на Фонд за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски на 18.08.2021.
Од Алфа ТВ упативме прашања, како до Владата, така и до технолошко-индустриските развојни зони, за тоа, што се случи со компанијата „Алмак“, зошто пропадна и дали воопшто некогаш започна со работа, но, тие решија да премолчат и да не дадат одговори за јавноста.