НЛБ Банка АД Скопје е добитник на Националната награда за најдобри општествено одговорни практики за 2018 година, во категоријата вложување во заедницата со проектот „Пријателство со Специјална Олимпијада Македонија“.

 

Станува збор за проект кој започна во 2016 година, а кој со текот на времето прерасна во едно трајно пријателство, кое продолжува со предизвикот за нови успеси на престојната Специјална Олимпијада во Абу Даби 2019 година.

 

Наградата е доказ за посветеноста на Банката и вработените, кон пријателството со Специјална Олимпијада и нивните атлети, со кои заедно спортуваме и другаруваме.

 

Националната награда за општествена одговорност се доделува 11-та година по ред од страна на Националното координативно тело за општествена одговорност на претпријатијата и Министерство за економија на Република Македонија. Годинава во конкуренција од 38 проекти, од кои 45% беа во категоријата „вложување во заедницата“ НЛБ Банка вторпат ја доби оваа награда. Првата награда Банката ја освои за проектот: „НЛБ Галерија“.