НЛБ Банка ги намали провизиите за правни лица за меѓународни девизни плаќања во рамки на банките членки на НЛБ Групацијата (Словенија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина,Косово, Република Српска). Провизијата за Лоро и Ностро дознаки изнесува 5 ЕУР (SHA/BEN опција) , додека провизијата за Ностро дознаки со OUR опција е намалена и изнесува 10 еур.
Овие провизии се со важност до 30.06.2019 година и се однесуваат за електронски плаќања извршени помеѓу банките во рамки на НЛБ Групацијата, без разлика на износот на трансакцијата и без SWIFT трошоци.
Наменети се за сите правни лица кои имаат отворено сметка во една од банките членки на НЛБ Групацијата и сакаат да реализираат девизно плаќање до банка, членка на НЛБ групацијата.
Провизијата за секое плаќање е фиксна и изнесува 5 ЕВРА за налози реализирани преку електронско банкарство.
Предности на интергрупациски плаќања
-
- – Важи за правните лица кои имаат отворено сметка во една од банките членки на НЛБ Групацијата.
-
- – Важи за лоро и ностро дознаки направени од страна на правно лице, извршени помеѓу банките членки на НЛБ Групацијата: НЛБ Банка а.д. Бања Лука, НЛБ Банка а.д. Сараево, НЛБ Банка а.д. Подгорица, НЛБ Банка а.д. Белград, НЛБ Банка а.д. Приштина, НЛБ Банка АД Скопје и НЛБ Банка а.д. Љубљана.
-
- – Износот на дознаката за девизен прилив и одлив не е ограничен.
-
- – Се применува само на електронско плаќање Важи само за плаќање со редовни порамнувања (D+1 за EUR, SEK, RON и USD, D+2 за сите други валути).
-
- – Важи за плаќања со SHA* опција. Во случај на плаќање со OUR* опција провизијата е намалена и изнесува 10 ЕУР без разлика на износот на трансакцијата.
За повеќе информации прочитајте на слениов линк.