НЛБ Банка како поддржувач на Асоцијација за е-трговија на Македонија е дел од настанот Ladies in eCommerce кој се одржува на 18 и 19 април во Public Room.

 

 

На настанот учествуваат околу 40 учеснички од различни компании и имаат можност да се стекнат со нови знаења за електронската трговија. Целта на обуките е да се подигне свеста за потенцијалот на електронската трговија и да се придонесе кон зголемување на капацитетите за електронска трговија во Македонија.