Спортскиот центар МТП и кејот на реката Вардар пулсираа во ритамот на енергијата, спортскиот дух и заедништвото, по повод 15-тото јубилејно издание на традиционалните Интерни спортски игри на НЛБ Банка.
Над 250 вработени од целата организација учествуваа во натпревари низ 14 спортски дисциплини, демонстрирајќи посветеност, тимска игра и фер-плеј. Од фудбал, кошарка и одбојка, преку пливање, тенис, трчање, до шах, пикадо, стрелаштво и куглање – секој натпревар понуди возбуда, ангажираност и незаборавни моменти.
Настанот беше збогатен со присуство и поддршка од семејствата на вработените, што уште повеќе го зајакна чувството на припадност и заедница. Победниците во поединечните и екипните дисциплини беа свечено наградени, но како што велат организаторите – „вистинските победници се сите кои беа дел од оваа спортска авантура.“
Интерните спортски игри на НЛБ Банка се уникатен пример за тоа како една корпоративна култура може успешно да ги поврзе професионалните и личните аспекти на вработените, преку спорт, дружење и тимска енергија.
НЛБ Банка – каде тимскиот дух живее и надвор од работната средина.