По повод првиот роденден на НЛБ haPPy картичките, НЛБ Банка подготви промотивна кампања во периодот од 01.11.2018 до 31.12.2018 година.
Во рамки на промотивната кампања, за секоја ПОС трансакција реализирана со НЛБ haPPy кредитните картички, клиентите добиваат двојно поголем износ на кешбек (поврат на средства). Максималниот износ на двоен кешбек за време на промотивниот период е до 20% од износот на трансакцијата.
НЛБ haPPy картичката e кобрендирана револвинг кредитна картичка од програмата на Mastercard која на клиентите им нуди загарантиран поврат на средства (кешбек) со секое купување во земјата и странство. Износот на поврат на средства е во зависност од продажното место на кое е реализирана трансакцијата.
За НЛБ haPPy кредитната картичка клиентите можат да аплицираат во експозитурите на НЛБ Банка или во продажните места на Нептун.
Покрај оваа промотивна кампања, Банката ја продолжува промотивната кампања за потрошувачки кредити до 31.12.2018 година. Во рамките на понудата, НЛБ Банка нуди потрошувачки кредити со поволни кредитни услови и каматни стапки. Каматните стапки на НЛБ Потрошувачките кредити почнуваат од 6% годишно, при што каматната стапка е фиксна за првите две години. Во рамки на промотивната кампања кредитите со животно осигурување и сребрените кредити ќе се одобруваат без манипулативни трошоци, а сите останати со 50% пониски трошоци.
Исто така, клиентите можат да аплицираат во најблиската експозитура на Банката или online на следниот линк.
Повеќе информации клиентите можат да добијат во најблиската експозитура на Банката, на телефон 02/ 15 600 или на веб страницата nlb.mk