На 29 Мај 2018 година (вторник) со почеток во 20:00 часот, во НЛБ Галерија ќе се отвори изложба на дела со наслов: „Фрагменти ” од академскиот сликар Драгица Ристеска Димитровска.

 

Станува збор за апстрактни дела изработени во техниката акрил на платно. На изложбата ќе бидат презентирани дела од последниот циклус на авторката, создадени во текот на 2017 и 2018 година. Оваа нејзина целина е инспирирана од безбројните фрагменти, остатоци, сеќавања, сенки, рефлексии кои ги пронаоѓа околу себе во секојдневните предмети, бројните урбани и рурални пејзажи, градби и градови, мистични прозорци, во комплексноста и убавината на природните текстури и слоеви што се преклопуваат во композиција создавајќи одредена димензија.