Годишното собрание на акционери на НЛБ Банка АД Скопје, ќе се одржи на ден 11.05.2018 година, со почеток во 11.00 часот, во просториите на НЛБ Банка АД Скопје, на ул. „Мајка Тереза“ бр.1, Скопје. Се повикуваат акционерите да учествуваат во работата на Собранието.
Секој акционер кој има намера да учествува на Собранието на Банката е должен да го пријави своето учество на Собранието (пријава за учество на Собранието) најдоцна пред почетокот на седницата на Собранието до Кабинетот на Управниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје (контакт-телефон: 02/5100-324 и 02/5100-615, телефакс: 02/3105-681).
Секој акционер може да овласти свој полномошник на Собранието со потпишување на писмено полномошно. За секое полномошно дадено во писмена форма, потребно е акционерот веднаш писмено да ја извести Банката, на адреса на седиштето на НЛБ Банка АД Скопје: ул. „Мајка Тереза“ бр. 1, 1000 Скопје или на електронската адреса [email protected], во спротивно ќе се смета дека не го дал полномошното.
Собранието ќе одлучува само по прашања кои се уредно ставени на дневен ред, во согласност со Статутот на Банката и со Законот за трговските друштва.
Право на гласање и давање предлози за расправа за одделни прашања, имаат само акционерите кои се сопственици на акции со право на глас.
Материјалите од дневниот ред и дополнителни информации согласно Законот за трговските друштва се достапни на увид на акционерите, секој работен ден од денот на објавата на јавниот повик за свикување Собрание, од 10.00 до 13.00 часот, во просториите на НЛБ Банка АД Скопје, на ул. „Мајка Тереза“, бр. 1, 1000 Скопје, Р. Македонија, во Кабинетот на Управниот одбор.