НЛБ Нов пензиски фонд, друштвото што управува со парите на идните пензионери, а воедно и е акционер во „Гранит“ ќе побара одговори од менаџерите на најголемата градежна компанија за купувањето акции во „Комерцијална банка“ за 7 милиони евра. Од Фондот  информираат дека за одлуката на менаџерите на „Гранит“ да вложат 7 милиони евра во помалку од 5 отсто од акциите во „Комерцијална банка“ дознале од информативниот сервис на Македонската берза за хартии од вредност откако биле склучени транскациите. И за тоа побарале средба со менаџментот.

 

 

„Информацијата за вложувањето од страна на Гранит АД Скопје во акции на Комерцијална банка АД Скопје ја добивме преку официјалниот сервис за ценовно чуствителни информации на Македонската берза, СЕИ нет, по склучените трансакции на Македонската берза“, велат од НЛБ Нов пензиски фонд.

Исто така од НЛБ Нов пензиски фонд велат дека ќе имаат средба со претставници на Гранит на која ќе се информираат за сите детали околу склучената зделка со Комерцијална банка за големото преземање на акции и согласно тоа ќе ги формираат своите ставови и мислења за висината на платените акции, за начинот на кој се обезбедени средствата, како и за други детали кои се од нивен интерес како помали акционери во градежната компанија Гранит АД Скопје.

Извор:Фактор