НЛБ Банка е прва и единствена банка на пазарот која ги интегрира двата картични бренда Visa и MasterCard во мобилниот паричник NLB Pay. Оваа нова и единствена функционалност овозможува да ги дигитализирате сите Visa и MasterCard платежни картички издадени од НЛБ Банка во мобилниот паричник NLB Pay и да плаќате бесконтактно, само со доближување на мобилниот телефон до ПОС терминал во земјата и во странство.
„Фокусот на НЛБ Банка е секогаш да биде прва банка на пазарот која на иновативен начин ќе одговори на потребите и барањата на своите клиенти. Пред една година го воведовме мобилниот паричник NLB Pay со дигитализација на MasterCard картичките, а денес сме горди што можеме да одговориме позитивно на барањата на нашите клиенти со воведување и на Visa картичките. Отсега ќе може да ги дигитализирате сите картички издадени од НЛБ Банка во NLB Pay мобилниот паричник. Плаќањето е лесно, бесконтактно и безбедно и се реализира само со доближување на мобилниот телефон до ПОС терминал.“, изјави Антонио Аргир, Претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка.
NLB Pay мобилниот паричник е мобилна апликација наменета за корисниците на платежни картички издадени од НЛБ Банка, кои поседуваат мобилен уред со Android оперативен систем кој поддржува NFC технологија. NLB Pay мобилниот паричник овозможува бесконтактни плаќања на ПОС терминали во земјата и во странство. Инсталирањето на NLB Pay мобилниот паричник, дигитализацијата на картичките и користењето на услугата се бесплатни.
Апликацијата е достапна за преземање на Google Play store на следниот линк.
Со воведувањето на оваа услуга, НЛБ Банка продолжува да ги следи светските трендови на поедноставување и приближување на банкарските услуги кон своите клиенти. Мобилните банкарски услуги со својата достапност, едноставност, брзина и безбедност при користењето, на клиентите им овозможуваат заштеда на време и средства, им даваат можност да ги завршат своите банкарски обврски 24 часа на ден, 7 дена во неделата.
Повеќе информации можете да добиете на следниот линк.