Денеска започнува четвртата сезона на НЛБ Рамката за помош со вкупен фонд од 100.000 евра со кој НЛБ Групацијата ќе ги награди трите најдобри регионални идеи за подобро општество.
Проектот, во кој во изминатите три сезони беа вклучени стотици регионални компании, овојпат под слоганот „Градиме подобро општество“ бара микро, мали и средни компании, трговци-поединци и физички лица кои самостојно вршат деловна дејност и кои со своите идеи, иновации и деловно работење се занимаваат со актуелни општествени прашања и помагаат да се справиме со предизвиците во општеството, системските нееднаквости и грижата за благосостојба на поединците.
„Одржливиот развој е од особено значење за НЛБ Групацијата во последните неколку години. Се обидуваме значајно да го интегрираме во сè повеќе наши активности и програми – во нашето секојдневно работење, во решенијата што ги дизајнираме за клиентите, во грижата за вработените, во деловните одлуки и потези. Свесни сме за нашата одговорност и сакаме да бидеме лидери преку пример, поради што ги отвораме и промовираме прашањата за одржливост во регионот со проекти како што е НЛБ „Рамката за помош“, објасни Блаж Бродњак, Претседател на Управниот одбор на НЛБ Групација.
„Откако во изминатите години еколошките прашања многу интензивно беа комуницирани, социјалните теми се наметнаа како голем предизвик во последните години. Идеите и проектите со кои досега се запознавме преку НЛБ Рамката за помош отсекогаш нè импресионирале. Навистина е неверојатно колку потенцијал и енергија се крие во нашиот регион, кој исто така го претвораме во дом полн со можности преку проекти како овие“, додаде Бродњак.
Десет локални финалисти и тројца регионални победници
Право на учество во проектот #РамкаЗаПомош имаат микро, мали и средни компании, трговци-поединци и физички лица кои самостојно вршат деловна дејност кои со своите идеи, иновации и деловно работење се занимаваат со актуелни општествени прашања.
Сè што треба да направат заинтересираните е, најдоцна до 10 март 2024, да пополнат едноставен онлајн формулар на веб-страницата на НЛБ Банка и да ја претстават нивната одржлива идеја која има социјален импакт и се интегрира во локалната/регионалната средина.
По затворањето на конкурсот, локална комисија ќе ги избере 10-те најдобри, одржливи идеи од Северна Македонија кои НЛБ Банка ќе ги награди со посебни поволности – паричен износ од 60.000 мкд и бесплатна Visa картичка, а воедно финалистите ќе добијат и медиумска поддршка и презентација на дигиталните канали на НЛБ Банка и медиумските партнери ТВ Канал 5, Фактор и Убавина и здравје.
Финалистите од Северна Македонија ќе бидат дел од 60-те регионални финалисти од кои во следниот круг, жири комисија составена од меѓународни експерти ќе ги избере тројцата регионални победници кои ќе ги понудат најдобрите решенија. За нивна поддршка НЛБ Групацијата обезбеди вкупно 100.000 евра, од кои најдобриот проект ќе биде награден со 50.000 евра, второпласираниот проект со 30.000 евра, а третопласираниот со 20.000 евра.
Повеќе информации за правилата и условите за овогодинешната #РамкаЗаПомош се достапни на следниот овде.