И покрај добрите резултати во првата половина од годинава, Нова Љубљанска банка размислува за воведување на негативни каматни стапки на депозитите. Ова значи дека нивните штедачи би платиле за да ги задржат своите пари во банка.

Нова Љубљанска банка објави свежи деловни податоци според кои во првите шест месеци од оваа година Банката оствари повеќе од 122 милиони евра профит и Групацијата над 94 милиони евра.

Ова е малку помалку отколку во истиот период минатата година, но сепак е прилично добар резултат. И покрај профитот, НЛБ сега размислува да воведе негативна каматна стапка.

Во овој поглед, Банката не беше премногу елоквентна, ниту претседателот на банката Блаж Бродњак, ниту претседателот на Надзорниот одбор Примош Карпе не сакаа да ги снимаат камерите, пренесува РТВ Словенија.

Во писмен одговор, тие рекоа само: „Тоа е само дебата што трае веќе некое време во Европа“.

Словенците имаат инвестирано повеќе од 8 милијарди евра во НЛБ.

РТВ Словенија исто така известува дека НЛБ сè уште ја размислува за продажба на животниот осигурител Вита и дека со тие пари би ја купиле српската Комерцијална банка. Но се наведува, дека тие пари нема да им бидат доволни за аквизиција на српската Комерцијална Банка.

 

Забрането превземање на содржината без претходно одобрение од редакцијата на БанкоМетар.мк