Објавата од страна на НЛБ до Македонската Берза Ви ја пренесуваме во целост интегрално :
Согласно Глава 6 од Правилата за котација, известуваме за следната ценовно чувствителна информација:
НЛБ Банка Ве известува дека врз основа на Рамковен договор за учество во програмата за кредитирање на развојот на микро, мали и средни претпријатија, поддршка на извозот и за трајни обртни средства (заведен под деловен број 03-8729 од 04.04.2017 година) склучен е Нотарски акт- Договор за невладетелски залог врз побарувања од прв ред со својство на извршна исправа, помеѓу Македонска банка за поддршка на развојот АД Скопје (како Заложен доверител) и НЛБ Банка АД Скопје (како Заложен должник-должник), заверен кај Нотар Анастасија Петреска со ОДУ бр.1294/18 во вкупен износ од 3.350.000,00 евра (тримилионитристаипедесетилјадиевра).
НЛБ Банка АД Скопје
Повеќе информации за кредитните продукти за компании од страна на НЛБ на следниот линк : НЛБ- корпоративни кредити