Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија, и пристигнувањето на најмоќните луѓе во светот, придружувани од бројни делегации и уште поголем број медиуми, ги наполнија сите сместувачки капацитети. Според информациите на Booking.com за неколкуте преостанати соби во Давос потребно е да се издвојат помеѓу 1.676 и 2.794 евра за една ноќ.
Дводневниот престој на американскиот претседател Доналд Трамп ќе ги чини американските даночни обврзници повеќе од 3,4 милиони долари за изнајмување автомобили и хотелски соби.