Почнувајќи од денес, СН финансиско друштво, како дел од кампањата за поголема финансиска едукација на населението и компаниите, организирана од страна на Групацијата на финансиските друштва при Стопанската комора, Ноември го посветува на подобрување на финансиската едукација на клиентите и граѓаните на Македонија, како и подобрување на нивната финансиска информираност.
Затоа СН финансиско друштво ве советува:
– Пријавете веднаш доколку ја изгубите вашата лична карта за да избегнете понатамошна злоупотреба
– Не откривајте информации за вашите сметки или лозинки
– Внимавајте каде ја приложувате вашата лична карта (дури и копија од истата)
– Внимателно споделувајте ги вашите лични информации
– Бидете свесни за остварувањето на вашите права
– Ажурирајте ги навремено вашите податоци кога има промена
Ваша е одговорноста за заштита на вашите лични податоци и свесноста за нивно користење во институции.
Во Ноември СН финансиско друштво има за цел да ви обезбеди суштинско знаење, практични совети и ресурси за донесување информирани финансиски одлуки за одговорно кредитирање.