Финската премиерка Сана Марин посочи дека нордиските земји како нејзините би можеле да бидат подобри во остварувањето на „Американскиот сон“ од Соединетите држави.
„Чувствувам дека американскиот сон најдобро може да се реализира во нордиските земји, каде секое дете, без оглед на потеклото или нивните семејства, може да стане нешто“, рече таа.
„Американски сон“ се однесува на идејата што потекнува од САД дека секој може да постигне просперитет и успех.
Марин ја припишува „успешната приказна на нордискиот модел“ на квалитетот на образованието, здравствените и социјалните системи во тие земји, кои овозможуваат „секој да стане нешто“.
Најмладиот премиер додаде дека ова е веројатно една од причините што Финска се рангираше како една од најсреќните земји во светот.
Втора година по ред, во 2019 година, Финска се најде на првото место на списокот на Светски извештаи за среќа. Данска, Норвешка и Исланд се следни, со Шведска исто така на врвот на листата.
Новиот индекс објавен во јануари од Светскиот економски форум покажа дека нордиските земји нудат највисоко ниво на социјална мобилност, со Финска на трето место.
Забрането превземање на содржината без претходно одобрение од редакцијата на БанкоМетар.мк