Од 2017 до 2022 година ️841 решение е доделено за мерката млад земјоделец во износ од 10.000 евра, за поддршка и развој на младите.
Во текот на месец август следува нов јавен повик за поддршка од 10.000 евра на млади земјоделци за започнување со земјоделска дејност.
Доделивме стипендии во износ од 18.000 денари за студенти запишани на додипломски студии од областа на земјоделството, шумарството и ветеринарството.
Ги вклучуваме студентите во изработка на програми и закони, преку волонтирање во рамките на #МЗШВ и Управите во состав.
Потпишавме Меморандум со Факултетите со што овозможуваме организирање и реализација на практична настава и кариерно унапредување на студентите. Во моментов имаме 24 практиканти со месечен надомееток од 70% од минимална плата.
Моја лична заложба е за што повеќе млади во земјоделството, да се реализираат и да работат дома, во својата татковина.
Вие младите сте сегашноста, инвестираме и вложуваме во вашата иднина.
Нека е честит Меѓународниот ден на младите!
-Фејсбук статус на Љупчо Николовски – Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство