Сите заинтересирани компании за користење на парите од ИПАРД 2 програмата може да ги поднесуваат документите до Платежната агенција до 18-ти септември. Барањата можат да се поднесат за поддршка на инвестициите во основни средства и за преработка и маркетинг на земјоделски и на производи од риба. Кофинансирањето е 50 проценти од вложените средствa.
Платежната агенција го објави ИПАРД 2 огласот за поддршка за инвестиции во основни средства и за преработка и маркетинг на земјоделски и на производи од риба.
Прифатливи за кофинансирање се 50 проценти од трошоците за набавка на опрема и услуги, без вложувањата за градежни работи.
Прифатливи инвестиции се и набавката на опрема за производство на енергија од обновливи извори и поставување или инсталирање на фотонапонски панели.
Потребната документација за поднесување на барањата е објавена на веб-страницата на Агенцијата.
Бидејќи се работи за повик од ИПАРД 2 програмата, крајниот рок за реализација на инвестициите e до 31-ви мај 2024-та година, а поднесувањето на барањата за исплата трае до 30-ти јуни 2024-та година.
Целта на ИПАРД Програмата е преку соодветни мерки да се подобри конкурентноста на земјоделското и производството на храна, усогласување со стандардите на Европската унија и економски развој на руралните средини.