Американски “Алкараз”, турски “Казанџи холдинг”, француски “Акуо” се само дел од странските компании кои ќе инвестираат во државата.  Бран странски инвестиции се најавуваат и за истокот. Во моментот со италијанска компанија течат преговори, за отварање на капацитет за производство на монтажи базени во  Штип, со што ќе се отворат нови 50работни места. Од утре пак со работа во штипската ТИР зона, ќе стартува и производниот капацитет на фабриката „Магна”. Канадска инвестиција  за производство на електронски компоненти, наменети за автомобилската индустрија.

Ќе отпочне со работа производниот капацитет на фабриката „Магна„. Странски инвеститор во Штип со нови 500-600 вработени , добро платени и инвестицијата мислам дека беше од 45-50милиони евра„ изјави вчера премиерот, Христијан Мицкоски.

Растот на странските инвестиции, директно влијаат врз стандардот на граѓаните и ја зајакнуваат економската стабилност на државата. Вчера,премиерот посочи дека во моментот во процес на преговори и разговори се со петнаесеттина странски инвеститори..

Повторно се зацврстуваме во регионот како дестинација за странски инвестиции, дестинација која ќе генерира и апсорбира најмногу странски инвестиции по глава на жител. Тоа е нашата цел. 2024 тоа го реализиравме, имаме слична цел и за 2025„ изјави вчера премиерот, Христијан Мицкоски.

Последните анализи на Народната банка, покажуваат дека вкупните директни странски инвестиции во земјата, минатата година достигнаа 1.25 милјарди евра. Растот во последниот, четврт квартал лани е 400милиони евра. Според властите, ова е највисок износ на странски инвестиции во историјата на државата и споредбено со 2023, зголемени се повеќе од двојно.