Согласно известувањето од Македонската берза, настанати се измени во Надзорниот одбор на НЛБ Банка со назначување на нов член.
Целото соопштение Ви го пренесуваме интегрално :
Согласно Глава 6 од Правилата за котација, известуваме за следниве измени во органите на управување:
Ве известуваме дека од страна на Народната Банка на Република Северна Македонија е издадено Решение со кое се издава претходна согласност г-ѓа Хедвика Усеник да биде именувана за член на Надзорен одбор на НЛБ Банка АД Скопје.
Решението се издава со важност до 11 септември 2021 година.