Охридска банка АД Скопје, согласно Глава 6 од Правилата за котација, ја информираше јавност за измени во органите на управување.
“Ве известуваме дека Гувернерот на НБРМ, со Решение бр. 7174/6 од 18 април 2018 г. издаде претходна согласност за именување на г-ѓа Нина Неданоска за член на Управниот Одбор на Охридска Банка АД Скопје со мандат во траење од 4 години.” – се вели во соопштението.
На веб страната на банката, сеуште нема промени во делот каде се објавени членовите на Управниот одбор на Охридска банка АД Скопје.
Бранка Павловиќ, Претседател на Управен одбор
Никола Миткоски, Член на Управен одбор
Тома Пувро, Член на Управен одбор