Ќе помогне ли новиот закон за моторни возила да се обнови возниот парк во земјава? Од први јануари данокот на возилата до 10 илјади евра ќе се пресметува во зависнот од емисијата на ЦО2. Тој ќе биде повисокот за дизел ,а помал за бензинците.
На пример за сите возила со вредност до 10 илјади евра и емисија на цо 2 од 130 грама на километар ако се со бензиски мотор данкот ќе изнесува 6.500 денари, а ако моторот е дизел ќе чини двојно повеќе односно 13 илјади денари, се вели во дописот од финансии.
Вакво даночење е предвидено со уредбата која се донесе денеска на владина седница, а која е дел од новиот закон за моторни возила.
Електричните возила ќе бидат ослободени од давачки, а хибридните ќе подлежат на осободување до 50 проценти од данокот. Со измените за купување на нови возила во такси превозот ќе се враќа 25 отсто од данокот, а за возилата со 8 и 9 седишта што ќе се користат за потребите на компании ќе се враќа дури 80 отсто од данокот.
Сепак повисоки давачки ќе има за поскапите коли.
На пример за возило од 120 000 евра, сопственикот ќе треба да плати 1000 евра плус.
Владата очекува со законот да се мотивираат граѓаните да купуваат повеќе еколошки возила.
Сепак бизнисмените не се оптимисти дека новото законско решение ќе помогне да се обнови возниот парк и да се намали загадувањето затоа што тој ги опфаќа сите возила кој ќе се внесуваат, но остануваат оние кои се веќе во земјава стари повеќе од 15 години кој загадуваа, а ќе продолжат да се возат.
Според досегашните анализи 82 отсто од возилата во земјава се половни, а само 18 проценти нови. Податоците покажуваат дека автомобилите учествуваат со 20 отсто во загадувањето на воздухот.