Јапонската берза за криптовалути објави во петокот за хакерски напад, што резултираше со грабеж на виртуелни пари во вредност од 3,5 милијарди јени или украдени се 32 милиони долари, јавуваат повеќе светски агенции.
Remixpoint Токио, кој работи со BITPoint, се извини за ситуацијата и вети дека ќе се справи со настанатиот проблем наскоро.
Ноќта меѓу 11 јули и 12 јули, во системот за тргување со виртуелната валута настана грешка во трансферот на средства. Истрагата покажа дека измамните операции биле незаконски отстранети како резултат на измамнички активности, се вели во соопштението на компанијата.
Загубите вклучуваат и биткоини и етериуми, рипл и други видови на криптовалути.
Околу две третини од загубите влијаат на клиентите, а остатокот од исчезнатите средства му припаѓаат на компанијата. Сите трансакции се прекинати.
Јапонија е релативно отворена за крипто-валути и нивно тргување и покрај некои големи кражби што се случија.
Земјата создаде систем за лиценцирање кој ја контролира употребата на криптовалутите. Биткоинот е правна форма на плаќање во Јапонија од април 2017 година, според Асошиетед прес.