Националниот младински совет на Македонија го најавуви својот нов проектот „МЛАДИХАБ – Дигитална младина“. За промоција на проектот симболично е одбран Меѓународниот ден на младите кој се одбележува на 12 август.
Станува збор за нов хаб во центарот на Скопје што почнува со работа во ноември. Проектот ќе треба да помогне и со премостување на јазот помеѓу понудата на пазарот на трудот и побарувачката на бизнис секторот. Обуката е на три нивоа и ќе зависи главно од возраста на посетителите: за почетници од 15-19 години, второ ниво за 19-25 и напредни вештини од 25-29 години.
Засега проектот сè уште е во фаза на прибирање на податоци за дефицитарните дигитални вештини. По завршување на истражувањето, според добиените податоци ќе се дизајнираат адекватни програми за обуки.
Проектот е поддржан од Британската Амбасада Скопје и УКАИД, а го реализацијата Националниот младински совет на Македонија – НМСМ и Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ. МЛАДИХАБ – Дигитална младина е поддржан и од Канцеларијата на Претседателот на Република Северна Македонија.