Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.11/2018 за долгови доспеани до 31.07.2018 и неплатени до 31.10.2018 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:
- повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и
- повисок од 300.000 денари за правните лица.
Листата на должници се објавува на веб страницата на Управата за јавни приходи согласно член 9 од Законот за даночна постапка.
Управата за јавни приходи без согласност на даночниот обврзник на својата веб страница може да објави податоци заради исправка на непотполни информации кои се објавени во Листата на должници.
Доколку даночниот обврзник не се согласува со објавените податоци, Ве молиме да се обратите до:
- надлежната Регионална дирекција на УЈП (види контакт) – за објавените долгови по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход и придонеси од задолжително социјално осигурување;
- Царинска управа на РМ-Одделение за наплата на приходи, буџет, гаранции и анализа (тел.02/3293 978 или 02/3293 971) – за објавените долгови по основ на акцизи, царини и ДДВ при увоз.
На Листата на должници бр.11/2018 објавени се 2,153 должници – правни лица (повеќе за 110 од претходната листа) и 2,175 физички лица (повеќе за 113 од претходната листа).
Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.11/2018 изнесува 10,086,508,268 денари, повеќе за 328.819.629 денари од претходната листа. Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 10,047,251,963 денари (повеќе за 318,331,768 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 39,256,305 денари (повеќе за 10,487,861 денари од претходната листа).
Целата листа можете да ја погледнете на следниот линк : УЈП – листа на должници