Кредитниот производ ЦКБ Бизнис-кредит – „Раст“ е наменет за финансирање инвестиции, купување недвижен имот, нова градба, реконструкција и проширување трговски, производствени и магацински простории за потребите на бизнисот, инвестирање во опрема и транспортни средства, финансирање инвестициски проекти и набавка на нови производствени капацитети. Кредитот е наменет за мали и за средни претпријатија не помлаку од 50.000 EUR (во денарска противредност) со приходи генерирани од основната дејност, кои работат успешно и реализирале позитивни финансиски резултати во претходната и во тековната година.
-Минимален износ на кредитот 10 000 ЕУР или во денарска противредност
-Максимален износ на кредитот 1 000 000 EУР или во денарска противредност.
Каматната е од 4.00% до 7.00% зависи од рокот на кредит, кредитоспособноста и бонитетот на клиентот, редовноста во сервисирањето на обврските кон Банката и видот и квалитетот на понуденото обезбедување.
За подетални информации обратете се во некоја од експозитурите на банката или на слениов линк.