Во насока на поедноставување и олеснување на процесот на исплата на плати, Силк Роуд Банка ги информира сите правни лица дека почнувајќи од денес (05.06.2018 година) воведе нов модул во апликацијата за електронско банкарство со можност за вчитување на фолио за плати.
Имено, сега сите правни лица кои имаат сметка во банката вчитувањето на фолиото за платите на вработените може да го направат електронски преку апликацијата за електронско банкарство на Силк Роуд Банка, наместо како што беше до сега со доаѓање во експозитурите на банката. До апликацијата за електронско банкарство може да се пристапи на следниов линк: https://secure.silkroadbank.com.mk/corporate/.
Силк Роуд Банка и понатаму продолжува да го развива системот на електронско и мобилно банкарство во насока на следење на потребите на физичките и правните лица преку поедноставување на услугите и воведување на нови иновативни услуги на пазарот.