Во согласност со член 166-б од Законот за хартии од вредност известуваме дека поради комплетирање на составот на Одборот на директори, Собранието на акционери на Берзата донесе Одлука за избор на неизвршен член на Одборот на директори на Берзата, согласно која за неизвршен член на Одборот е именувана Билјана Ристова, соопшти Македонската берза.