Тутунски комбинат Прилеп ги корегираше цените за откуп на тутунот. Преку анекс на договорот ќе се зголеми откупната цена за 10 проценти по килограм тутун. Надлежните ги повикаа и останатите откупувачи да го сторат истото.
На денешната прес-конференција првиот човек на министерството за земјоделство, најави и цел пакет мерки поддршка за тутунопроизводителите. Тутунарите ќе добијат дополнителни 20-30 денари повеќе на сегашните субвенции, а следната година им следува и целосно финансирање на зелената нафта, како и по 6.000 денари поддршка за хектар површина.
За потсетување, тутунарите oд стартот на откупиот протестираа оти не сакаа да го предадат тутунот на откупувачите за цена од 300 денари, затоа што тоа не е исплатливо.