Фондот за иновации и технолошки развој денеска објави нов предизвик „Паметен школски менаџмент: Интегрирган пристап кон одржливоста” преку кој се бараат иновативни решенија за имплементирање на смарт системи за контролирање на училишното осветлување на средните училишта и студентски домови во четири општини од Североисточниот Плански Регион: Куманово, Крива Паланка, Кратово и Липково.
Овој предизвик Фондот за иновации и технолошки развој го реализира во партнерство со Министерството за локална самоуправа (МЛС) и соработка со Швајцарската амбасада во Република Северна Македонија за поддршка на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен развој – Фаза 2”.