Детското штедење е долгорочен депозитен продукт за физички лица и е наменет за деца до 18 годишна возраст. Поради тоа, како законски застапник мора да се јави најмалку еден од родителите, што се докажува со Извод од матична книга на родени.

Овој продукт овозможува неограничен број и износи на дополнителни вложувања за целото времетраење на орочувањето на депозитот.

 

 

 

Производот е наменет за деца од нивно раѓање, па се до полнолетство. Секое семејство е потенцијален корисник на продуктот ако се земе во предвид дека подарок за роденден или некоја пригода би можело да биде детска книшка со штеден влог.

Според понудата на Стопанска банка а.д. Битола за детско штедење, каматната стапка за орочени денарски депозити на 12 месеци изнесува 1,60 отсто годишно, а за 24 месеци – 2,80 отсто годишно. За орочените девизни депозити каматната стапка за 12 месеци изнесува 0, 90 отсто годишно, а за 24 месеци – 1,50 отсто годишно. Каматата се пресметува на месечно ниво, а девизните депозити се со прилагодливи каматни стапки.

Само за споредба кај останатите поголеми банки во државава, каматните стапки на орочените денарски депозити на 36 месеци се движат од 2,30 отсто до најмногу 2,85 отсто годишно. Наспроти каматната стапка од дури 3,20 отсто годишно во понудата на Стопанска банка а.д. Битола.

За повеќе детали погледнете  на следниов линк.