Влијанието на политиката на квантитативно олеснување на ЕЦБ врз капиталните текови во регионот на Централна, Источна и Југоисточна Европа“ од гувернерката на НБРМ, д-р Анита Ангеловска-Бежоска, м-р Ана Митреска и д-р Султанија Бојчева-Терзијан.

Овој материјал е обид за емпириска оцена на ефектите од политиката на квантитативното олеснување на ЕЦБ врз капиталните приливи во земјите на Централна, Источна и Југоисточна Европа.

 

Со оглед на трговската и финансиската поврзаност на овие земји со еврозоната, би се очекувало дека креираната ликвидност од страна на ЕЦБ ќе предизвика и зголемување на обемот на нивните капитални приливи. Оваа хипотеза, авторките на работниот материјал, емпириски ја тестираат преку оцена на ефектите од промените во билансот на ЕЦБ врз одделните видови капитални приливи во избраната група земји.

Наспроти првичните очекувања, резултатите презентирани во материјалот, не ја потврдуваат оваа врска, но покажуваат значително влијание на одредени фундаментални фактори, како што се доходот и каматните стапки, врз капиталните приливи во регионот. Воедно, оцените упатуваат на негативно влијание од глобалната криза врз приливите на капитал, што веројатно и оневозможува поголем ефект од монетарното олеснување на ЕЦБ. Единствен исклучок е надворешното задолжување на државата, што се совпаѓа со контрацикличната фискална политика и растот на јавниот долг по избувнувањето на глобалната криза.

Повеќе информации може да најдете на следниов  линк.