На многу од нас би ни се случило случајно намерно или ненамерно да ги избришеме семејните фотографии. Би изчезнале и сеќавањата од специјалните моменти. Ако ги изгубиме личните документи, писмата, дипломите, како да губиме и дел од себе, или во најмала рака се ни се комплицира, и мораме да влеземе во административниот лавиринт, кој секако многу ќе не измори.

Замислете да работите во компанија или некоја институција, потребни ви се документите од минатите години, кои сте ги чувале во регистри/папки, првично во вашата канцеларија, па сте ги преместиле во компаниските подруми, и кога ви се најмногу потребни -ги нема! Се изгубиле,  можеби се украдени или уништени од временски непогоди или поради несоодветно чување.

 

 

“Ова се можеби микро примери, но замислете што би значело да се изгуби она што претставува општествено  и културно богатство на една земја. Историски податоци од минатиот век, вредни црковни ракописи, писма од народноослободителните војни, прозни дела, преданија, митови, се она што претставува културно наследство. А народ без историја и култура, без фактографија и сочувани оригинални документи, за вековната борба и докажување, е ништо. Тоа е како дрво без корени, кое за кратко време би се исушило, како човечко тело без вода, кое за неколку дена би дехидрирало.“

Интерсен е фактот дека кога бараме документ, нас не ни треба документот туку информациите што се напишани на тој документ? Потребен ние  е систем на архивирање кој многу организирано и ефикасно, електронски ги копира информациите и ги доставува без физички да се движи документот.  Кој обезбедува неколку степени на безбедност, и повеќе нивоа на контрола.

Токму таков е и системот за архивирање Инбох.  Спој на добро познати технолошки достигнувања во нов бизнис модел, што интегрира 3 технологии. Инбох не е 100% физичка архива ниту е 100% дигитална архива, а употребените технологии дозволуваат по потреба на клиентот да се претвори во едно или друго, што е неговата уникатност. Инбох е изграден по модел на американска технологија за управување со хартиени и електронски документи – ENVISION.  За  5 години постоење, создаде капацитет од 35.000 м3 специјализиран простор за архивски депоа, поседува технологија за дигитализација на сите можни видови документи, од  бизнис картичка до А0 и поголеми формати, како и технологија за ласерско и 3Д дигитализирање на вредни документи, микрофилмски скенери, скенери за ренгенски и други транспарентни документи.