Нов Зеланд стана првата земја што ја легализира исплатата на плата во криптовалути, објави неодамна „Фајненшал тајмс“.

Даночната канцеларија на таа земја донесе одлука дека платите можат да бидат платени во криптовалути доколку таа виртуелна валута е поврзана со најмалку една стандардна валута.

Властите на Нов Зеланд исто така бараат избраната криптовалута да може директно да се конвертира во некоја стандардна форма на плаќање.

Бизнис Инсајдер пишува дека ова му овозможува на биткоинот, најголема светска криптовалута според пазарната вредност, да послужи како форма на плаќање за работниците во Нов Зеланд, штом новиот закон влегзе во сила на 1 септември.

Предлог-законот е официјално дополнет на 7 август, а исто така се вели дека Нов Зеланд исто така ќе овозможи да се плаќаат бонуси во криптовалути.

Варијантата за плаќање плати со криптовалути е предмет на опсервација на националниот систем за даноци и плати, а новиот закон ги ослободува самовработените работници кои не можат да ја пренесат својата заработка во виртуелна валута.

Овој потег е чекор понатаму во воведувањето на контроверзната дигитална валута во системот за секојдневно плаќање.

Криптовалутите се релативно регулирни и фактот што нивните текови не можат да се следат на стандардни начини, ги направи популарни кај анонимните набавки на Интернет.

Овој потег служи како „уште еден чекор за властите да разберат дека луѓето навистина сакаат да бидат платени во криптовалути“, рече Тома Хулме, адвокат во адвокатската фирма „Макрел Тарнер Гарет“ во Лондон, за ФТ.

 

Забрането превземање на содржината без претходно одобрение од редакцијата на БанкоМетар.мк