Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар за литар, а цената на дизел горивата се зголемува за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).
Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 е 76,50 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 78,50, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 73,50, а Екстра лесното масло за горење ЕЛ-1) за 73,50 денари за литар. Со одлуката на РКЕ малопродажната цена на Мазутот М-1 НС ќе изнесува 41,941 денари.