Регулаторна комисија за енергетика утре напладне треба да ги соопшти новите цени на горивата.
Минатата недела бензинот поскапе за половина денар, а дизелот се намали за истиот износ.
Еуросупер БС 95 во моментов е 69 денари, додека Еуросупер БС 98- 71 денари за литар, а од друга страна дизелот се продава за 61 денари по литар.
Новата цена на екстра лесното масло за домаќинство е 50,50 денари литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,110денари и килограм ќе чини 34,739 денари.
Намалувањето на малопродажните цени на нафтените деривати во просек изнесува 0,13 проценти.
Останува утре да видиме дали не очекува зголемување или намалување на цените.