Грција ќе добие нова транша на финансиска помош до крајот на март оваа година.
Грција има исполнето 99 проценти од условите за добивање нова транша финансиска помош, но ќе ја добие не порано од крајот на март, се посочува во заклучокот на министрите за финансии од еврозоната на состанокот на Еврогрупата во Брисел.
Тие сметаат дека Грција постигна голем напредок Исполнети се 108 од 110-те договорени услови. Би рекол дека тоа се 99 проценти, но уште не е 100, а таа работа треба да се доведе до крај, изјави еврокомесарот за економски и финансиски прашања Пјер Московиси по средбата со министрите.
Според раководителот на Европскиот механизам за стабилизација Клаус Реглинг, Грција нема да може да ја добие уште една транша од помошта пред втората половина на март.
Состанокот на Еврогрупата беше важен, бидејќи врз основа на констатираниот напредок се очекува решение за доделување на транша од 5, 7 милијарди евра за Грција.