Во време кога се актуелни зелените и граѓанските обврзници, државата не престанува да си ги издаваи обичните државни обврзници, со кои се задолжува кај домашните банки и другите домашни институционални инвеститори, како што се фондови и пензиски друштва.
На крајот на минатата година државата издала нова 15 годишна државна обврзница, и тоа на сума од близ 22 милиони евра.
Од вчера таа обврзница ќе котира и на Македонската берза за хартии од вредност.
Станува збор за државни обврзници со девизна клаузула, чии датум на издавање е 28 декември лани, а ќе достаса на истиот датум во 2038 година.
Каматната стапка што ќе ја плати државата, односно нашите граѓани, е 5,9 отсто на годишно ниво.