Компанијата, која е во сопственост на наш сограѓанин, кој живее и работи во Швајцарија, годинава купи земјиште од 72.000 квадрати, на кои веќе се почнати земјените работи. Во првата половина од 2025 година, ќе почне изградбата на сите најавени објекти, вклучително и со производството на модуларните објекти
Владата и швајцарската компанија „ДМ Бау АГ“ потпишаа договор за државна помош, соопшти премиерот Христијан Мицкоски на прес-конференција. Тој информираше дека дека се работи за инвестиција од минимум 7 милиони евра, која ќе биде лоцирана во Инсустриската зона во Куманово и ќе отвори нови 200 работни места.
-Според договорот, инвестицијата ќе го надмине овој минимален износ, кој е наменет за купување на земјиште, како и машини и опрема за производство на модуларни објекти. „ДМ Бау АГ“ е швајцарска компанија со обрт од неколку десетици милиони швајцарски франци, а е меѓу најголемите светски производители во овој сегмент. Нивното производство се одвива на две локации во Швајцарија, а во Македонија ќе биде во близина на Куманово, поточно во тамошната индустриска зона. Се работи за голем комплекс од повеќе објекти со 35.000 квадрати под покрив. Компанијата, која патем речено е во сопственост на наш сограѓанин, кој живее и работи во Швајцарија, годинава купи земјиште од 72.000 квадрати, на кои веќе се почнати земјиенте работи. Во првата половина од 2025 година, ќе почне изградбата на сите најавени објекти, вклучително и со производството на модуларните објекти – објасни Мицкоски.
Премиерот е радосен, што нашиот сограѓанин одлучил тука да инвестицира, а новата Влада напорно работи да ги поправи последиците од катастрофалното владеење на СДСМ и ДУИ.
-Во од ги поправаме грешките на претходната власт и може да кажам дека бркаме историски највисок резултат во привлекувањето на директните странски инвестиции, кои годинава ќе стигнат до 1 милијарда евра. Ова нема да биде единствената инвестиција неделава и ви најавувам уште една до крајот на неделава со поставување на друг камен темелник. Тоа се одлични резултати во тешки геостратешки услови – се пофали Мицкоски.
Претставничката на менаџерскиот тим на „ДМ Бау АГ“ посочи дека тие се швајцарска компанија која се фокусира на префабрикувани дрвени конструкции и мошне внимателно размислувале за нивното проширување.
-Внимателно проверувавме неколку различни места и можности за тоа каде може да ја прошириме компанијата и конечно навистина сме среќни што Северна Македонија се појави како место што го избравме и мислам дека досега се течеше добро – дијалогот, отвореноста, пронаоѓањето решение. Тоа ни покажа дека нашата одлука беше вистинска. Затоа, навистина со нетрпение очекуваме да почнеме со нашиот процес тука и сигурни сме дека заедно со вас можеме да изградиме успешна компанија во Северна Македонија. Исто така сме и мошне горди што нашиот проект е во тек. Со нетрпение очекуваме да можеме да создадеме нови работни места, нови можности тука, во овој регион, како и да додадеме вредност кога станува збор за образованието и едуцирањето за префабрикувани конструкции – истакнаа од менаџерскиот тим.