Инвеститорите на новата криптовалута Prodeum кај што завршија измамени со изгубени парични средства, па уште и се навредени од криминалците кои на својот официјален веб сајт откако ја завршиле измамата ги тргнале сите информативни содржини и графикони и го поставиле „пенис“ емоџито.
Prodeum била промовирана како криптовалута која се базира на системот на Ethereum. а својата вредност ја одредува според продажбата на овошје и зеленчук, па така многу вегетаријанци и луѓе кои верувале во оваа философија загризале на измамата.
Засега се претпоставува дека зад оваа измама стојат хакери од Вилнус, Литванија кои направиле повеќе обиди да ја популаризираат почетната крипто понуда за Prodeum и да соберат што е можно повеќе финанси, но колкава е проневерената сума не е прецизирано.
Сите лица кои во стартапот Prodeum беа јавно инволвирани ги имаат избришано профилите на Linkedin, други пак се оправдуваат дека исто така биле хакирани, односно дека им бил украден идентитетот.
31.01.2018 13:39