Новата кампања на Комерцијална банка и Веро маркетите ќе се реализира во периодот од 15 март до 15 јуни 2018 година.
Кампањата се однесува на сите постојни и идни корисници на Mastercard платежните картички на Комерцијална банка кои со секоја направена трансакција во Веро маркетите со Mastercard картичките на Банката ќе добијат поврат на средства во износ од 3% од трансакцијата.
Вкупниот поврат на средства од тековниот месец ќе биде префрлен на сметката на картичката на 10 наредниот месец.