Владата останува посветена на реализација на мерките што обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните и унапредување и развој на земјоделството.

Обезбедени се средства за финансиска поддршка за активен женски член во земјоделско домаќинство.

Со оваа мерка, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ќе доделува до 180 илјади денари еднократна и наповратна финансиска поддршка за инвестиции кои ќе приоденесат за развој на руралните средини на женски член на земјоделско стопанство запишано во единствениот регистар на земјоделски стопанства.

Преку реализација на оваа мерка ќе се поттикнат инвестициите во руралните делови, ќе се придонесе кон родова еднаквост и ќе се обезбедат повеќе пари во земјоделските семејства.

Зборот важи! Остануваме посветени на спроведување на мерките што се во интерес на граѓаните, што го поттикнуваат економскиот раст. инвестициите и носат повеќе пари во секое семејство.