На официјалната страна на Народна банка на Република Македонија закажана е аукција на државни хартии од вредност во износ од огромни 58 милиони евра.
Владата продолжува редовно да се задолжува на домашниот пазар. Министерството за финансии за денеска 30 октомври закажа аукција на хартии од вредност со која планира да повлече нови 3,55 милијарди денари односно околу 58 милиони евра.
Истовремено расте и јавниот долг. Вкупниот јавен долг на Македонија на крајот на вториот квартал од 2018 година изнесува 48,8% од БДП, што претставува зголемување за 0,6 п.п. во однос на претходниот квартал, покажуваат најновите податоци на Народната банка.