Денес напаладне Регулаторна комисија за енергетика ќе ги соопшти новите цени на горивата.
Малопродажната цена на бензините минатата недела се зголеми за два до 2,5 денари, додека на дизелот за 1,5 денар за литар.
Новата цена на Еуросупер БС-95 изнесува 69,50 денари за литар, на Еуросупер БС 98 е 72 денари, а Еуродизелот се продава по 64 денари за литар. За еден денар се зголеми цената на Екстра лесното масло за домаќинство и изнесува 53,50 денари за литар.
Зголемување имаше и кај малопродажната цена на мазутот кој се продава по 34,034 денари за килограм.
Останува утре да видиме дали не очекува намалување на цените или пак уште едно поскапување.